По 10 години, денеска женската ракометна репрезентација на Македонија во ждрепка за ЕП!

По пауза од една деценија, женската ракометна репрезентација на Македонија ќе учествува на Европско првенство, и тоа како еден од кодомаќините на настанот. Во Скопје ќе се играат мечевите од првата и втората групна фаза.

Ждрепката за изгледот на групите е денеска, со почеток во 17 часот, и ќе се влече во Љубљана, како град домаќин на полуфиналето и финалето.

Ова ќе биде последно ЕП со 16 репрезентации (од наредното во 2024 година ќе има по 24 тима), а ќе се одржи од 4 до 20 ноември во Македонија (Скопје), Словенија (Целје и Љубљана) и Црна Гора (Подгорица).

Ждрепката е полудиригирана. Се знае дека Унгарија оди во група со Словенија, Црна Гора е домаќин, па од вториот шешир може да ни падне Холандија или Шведска. Не може да ни паднат ни Словенија, Хрватска и Германија, кои се во третиот шешир како и Македонија.

Од првиот шешир, најлесен противник е Полска, а потенцијални ривали ни се и моќните Норвешка, Франција и Данска.

1. ШЕШИР – Норвешка, Франција, Данска, Полска
2. ШЕШИР – Унгарија (Група А), Ц. Гора (Група Д), Холандија и Шведска
3. ШЕШИР – Македонија (Група Ц), Словенија (Група Б), Хрватска, Германија
4. ШЕШИР – Шпанија, Србија, Романија, Швајцарија

Андреа Седлоска ќе биде претставничката од Македонија која ќе асистира при извлекувањето.

На ждрепката ќе се формираат четири групи со по четири селекции, а во втората рунда продолжуваат првите три од секоја група.

с

- Оглас -

Најнови вести