После 26 години репрезентативна кариера: Легендата на Андора се збогува со домашната публика

Легендарниот дефанзивец на Андора, Илдефонс Лима, на 43 години одлучи дека ја завршува репрезентативната кариера и на синоќешниот дуел против Белорусија (0-0) за последен пат настапи пред домашните гледачи.

Тој за репрезентацијата дебитираше во 1997-мата година, на вториот официјален натпревар на Андора и тоа на пријателски меч против Естонија на гости (пораз од 4-1).

За 26 години настапи на 136 натпревари за својата земја, од 201 вкупно колку што има одиграно Андора откако е примена во меѓународните фудбалски институции. Андора со него во составот забележа шест победи, одигра 21 нерешена средба и загуби на 109 дуели. Против Македонија настапи на две средби и двапати тоа беше во Скопје, на дуелот кој заврши 0-0 во 2005-тата и во порзот од 3-0 во 2007-мата.

- Оглас -

Најнови вести