После девет години: Кевин де Брујне налето си заминува од Манчестер сити

Престојот на белгискиот интернационалец, Кевин де Брујне, во Манчестер сити се ближи кон својот крај. Иако има договор до следното лето, сепак големиот број на повреди си го направија своето, па 33-годишниот фудбалер летово ќе биде продаден.

Тој во синиот дел на Манчестер пристигна во 2015-тата година од Волфсбург и стана вистинска легенда на „граѓаните“. Оваа сезона одигра само 17 натпревари, на кои постигна еден погодок, а забележа и 14 асистенции.

Неговата следна дестинација се очекува да биде Саудиска Арабија, но детали околу обесштетувањето и личните услови на фудбалерот не се откриваат. Познато е само дека неговиот следен клуб се очекува да биде Ал-Итихад, каде треба да се придружи на Бензема, Канте и Фабињо.

- Оглас -

Најнови вести