После три години Јуве повторно е прв, капитенот на Верона ја згрози јавноста со лоша глума (Видео)

Јувентус ја победи Верона со 1-0 и барем до утре ќе биде на чело на табелата во италијанската Серија А. Јуве цели три години се немаше најдено на врвот.

Голот вреден три бода за Старата дама го постигна 23-годишниот резервист Андреа Камбијазо. Ова е негов прв погодок во дресот на Јуве, откако летоска дојде од Болоња.

Верона има освоено само два бода во последните осум кола.

Трагичар можеше да биде Мојзе Кен на кого му беа поништени два гола. Малку после вториот непризнат гол, Кен доби жолт картон и беше повлечен од терен, а тој му се налути на тренерот Алегри што го вади од игра.

Оваа средба во Торино ја одбележа и еден неспортски потег. Давиде Фараони кој ја носи и капитенската лента во Верона, беше фатен на камера како седнат чека да види расплет од напад на Јуве, а откако Кен даде гол, Фараони почна да лежи на тревата и да се преправа дека е повреден.

Погледнете ја глумата на Фараони која ја згрози јавноста:

- Оглас -

Најнови вести