По трите нерешени резултати во серија, Гвардиола тврди: „Ќе ја освоиме Премиер лигата“

Актуелниот освојувач на титулата во Премиер лигата и Лигата на шампионите, Манчестер сити, на последните три првенствени натпревари одигра нерешено против Тотенхем, Ливерпул и Челзи и падна на третата позиција на табелата со заостанување од три поени зад Арсенал.

Сепак, во таборот на Граѓаните нема место за загриженост, а тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е убеден дека ќе успеат да го одбранат трофејот.

„Во моментов чувствувам дека ќе ја освоиме Премиер лигата. Ако постојано играме на нивото што го покажавме против Ливерпул и Тотенхем, повторно ќе бидеме шампиони. Но, знаеме дека нема да биде лесно“, рече Гвардиола на официјалната прес-конференција во пресрет на првенствениот натпревар против Астон вила.

Манчестер сити нема пораз на последните шест натпревари во Премиер лигата, но загуби шест бода на последните три меча и со 30 поени се наоѓа на третата позиција, веднаш зад Арсенал, кој има 33 и Ливерпул со 31 бод.

- Оглас -

Најнови вести