Последен обид на Барселона да го купи Лаутаро

Барселона ќе има последен обид да го ангажира Лаутаро Мартинес од Интер, во кого раководството гледа како долгорочна и идеална замена за Луис Суарес.

Уругваецот е сè поблиску до Јувентус, а тоа значи дека Каталонците треба да го одрзат ќесето за да го добијат потписот на голгетерот на Нераѕурите. Останувањето на Меси може да биде клучно за Мартинес да прифати преселба на „Камп ноу“, кој пак наскоро треба да добие понуда од Интер за продолжување на договорот, а ќе се види дали ќе ја прифати.

Иако тренерот Куман преферира да го доведе Мемфис Депај, Лаутаро и натаму е прва опција на управата како засилување во нападот.

 

- Оглас -

Најнови вести