Последици од ковид карантинот – Збеснаа навивачите на Лестер и Наполи, па се истепаа (Видео)

Навивачите на Лестер и на Наполи направија сериозен инцидент на трибините на стадионот „Кинг пауер“ и се истепаа меѓу себе на дуелот од Лигата на Европа што заврши 2:2.

По долг период, на стартот од новата сезона во европските натпревари имаше и публика, но очигледно е дека на навивачите на Лестер и на Наполи не им легна добро периодот на карантин поради ковид-19.

https://twitter.com/omz510/status/1438630893443325955?s=20

На дербито од првото коло во фазата по групи играше и Елиф Елмас за гостите од Неапол. Нашиот репрезентативец влезе во игра во 64-тата минута, кога Лестер поведе со 2:0, но беше таличен за Наполи, екипа која израмни со двата гола на Осимен.

 

- Оглас -

Најнови вести