Последна шанса за Де Бројне да го стигне рекордот на Анри

Во пресрет на последното коло во Премиер лигата, ѕвездата на Манчестер сити Кевин Де Бројне, има прилика да го израмни, односно урне рекордот на Тиери Анри во асистенции.

Француската легенда во сезоната 2002/03 постави рекорд за најмногу намесетни погодоци во Премиер лигата за една сезона, точно 20, додека Де Бројне моментално стои на 19 асистенции во пресрет на дуелот со Норвич.

Да не се случеше принудната пауза, Де Бројне многу порано ќе се израмнеше со поранешниот ас на Арсенал, односно ќе ги поместеше границите бидејќи до март броеше 16 асистенции, а во последните девет натпревари намести само три гола. Како и да е, Граѓаните имаат намера со голеада да се одјават за оваа сезона, а белгискиот плејмејкер сигурно ќе се потруди да застане рамо до рамо со Анри.

Претходно Цеск Фабрегас беше блиску до израмнување на рекордот на Анри, во шампионската сезоната 2014/15 со Челзи намести 19 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести