Последниот гол на Роналдо во Премиерлигата беше против Сити, а денеска на Граѓаните им даде „гол со пета“

Кристијано Роналдо е пред трансфер во Манчестер сити најавуваа многу медиуми вчера и денеска претпладне, а потоа се случи драматичен пресврт, откриено е дека Граѓаните испратиле само неформална понуда, и тоа го натера раководството на Манчестер јунајтед експресно да реагира, и веднаш да испрати конкретна понуда до Јувентус, која Италијанците без многу размислување ја прифатија.

Така, Роналдо од потенцијален предавник, се претвори во херој на навивачите на Црвените ѓаволи.

Интересно е што последниот гол на Роналдо во дресот на Манчестер јунајтед пред да се пресели во Реал Мадрид, беше на 10 мај 2009 година од слободен удар, и тоа токму во градското дерби против Сити.

- Оглас -

Најнови вести