Последните поени на Дирк Новицки во НБА (видео)

Покрај Двејн Вејд, Дирк Новицки исто така го одигра последниот меч во кариерата, а неговиот Далас загуби во тексашкото дерби против Сан Антонио спарс со конечни 105:94.

Германецот го заврши мечот со двоен учинок од 20 поени и 10 скока, а до двоцифрени бројки во две различни статистки стигна по 411-ти пат во неговата кариера.

Пред стартот на натпреварот, Сан Антонио се потруди да ја испрати легедната како што доликува, а додека се емитуваше емотивното видео, Новицки не можеше да ги сокрие солзите.

- Оглас -

Најнови вести