Послушајте го Гатузо: Милан денеска ќе победи

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, е полн со самодоверба иако „росонерите“ имаат два порази во низа. Гигантот од Милано загуби од Интер со 2-3 во градското дерби, а потоа беше поразен и од Сампдорија со 1-0, па сега му е загрозеното местото кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.

За да го задржи најмалку четвртото место, Милан вечерва на свој терен треба да ги израдува навивачите во дуелот против Удинезе. Главна цел на тимот од „Сан Сиро“ е следната сезона да игра во Лигата на шампионите.

„Имаме два порази, но мислам дека тимот е жив и сите се чувствуваме добро. Ги знаеме нашите слаби страни и работевме на тоа да ги коригираме. Најдобриот лек е победата. Смирен сум, се движиме во вистинска насока. Наша цел е да се вратиме во Лигата на шампионите“, рече Гатузо.

Милан сезонава го победи Удинезе на гости со 1-0 и сега очекува нови три бода против овој ривал. Удинезе е еден од најслабите тимови на гостински терен и има само една победа во 13 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести