Постигнат најбрзиот гол сезонава на Премиер лигата (Видео)

Мигел Алмирон е стрелец на најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата, откако денеска погоди по само 19 секунди од стартот на мечот против Вест Бромвич Албион. Педантните статистичари пресметаа дека било потребно точно 19,98 секунди за да топката ја помине гол линијата и тоа е вториот најбрз гол за Њукасл во историјата на Премиер лигата.

Побрзо погодок во дресот на Њукасл има постигнато единствено Алан Ширер, кој во јануари 2003 година на дуелот против Манчестер сити погодил за само 10,52 секунди.

Парагвајскиот интернационалец се најде на вистинското место и воопшто не му беше тешко да ја затресе мрежата на противникот за водство на Њукасл по првите 30 минути на „Сент Џејмс Парк“.

https://twitter.com/i/status/1337778987247001600

- Оглас -

Најнови вести