Постигнат првиот гол во чест на Емилијано Салa (Фото)

Севилја славеше со 2-0 против Барселона, во првиот меч од четврт-финалето на Купот на Шпанија, благодарение на двата гола постигнати во второто полувреме. Пабло Сарабија погоди во 58-мата минута за водсетво од 1-0, а потоа, во 76-тата минута нова радост на домаќините им донесе Висам Бен Једер.

Иако Бен Једер никогаш во кариерата не играл заедно со Аргентинецот Емилијано Сала, францускиот напаѓач реши да му го посвети погодокот на исчезнатиот Аргентинец. Сала веќе три дена е исчезнат, откако авионот со кој се враќал од Нант кон Кардиф се сруши во водите на Ла Манш.

Откако Бен Једер го постигна голот против Барселона, го крена дресот, а под него имаше маичка на која пишуваше „За мојот брат Сала“. Бен Једер пред да дојде во Севилја во 2016 година, играше шест години во Тулуз, додека во тој период Сала настапуваше во франуското првенство.

- Оглас -

Најнови вести