Потегот на вечерта во НХЛ го имаше голман (Видео)

Вашингтон капиталс го совлада Бафало сејбрс со 2:1, но наместо за Александер Овечкин или некој друг хокеар од тимот од главниот град на САД, сите зборуваа за голманот Брејден Холтби, кој во стилот на славниот Доминик Хашек, во една ситуација излезе дури до сината линија за да го спречи нападот на противникот.

Холтби беше одличен, во текот на натпреварот имаше 36 одбрани, но во втората третина направи маневар кој не е виден уште од времето кога Хашек бранеше во најсилната хокеарска лига на светот. Голманот изјави дека многу е важно да се чита играта, и ако има потреба, да се направи и ваков несекојдневен потег.

Погледнете што направи Холтби:

Резултати: Њу Џерси – Отава 5:2, Вашингтон – Бафало 2:1, Колорадо – Чикаго 1:2.

- Оглас -

Најнови вести