Потенцијален проблем за Франција: Мбапе не тренираше на ден пред почетокот на ЕП

Еден од најдобрите светски фудбалери и најголем адут на репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе, го пропушти денешниот тренинг во Падерборн. Селекторот Дидие Дешан има големи проблеми со вирусот кој ги закачи неколкумина од фудбалерите, а дополнително и отсуството на Мбапе направи мала паника во француската јавност.

Сепак, селекторот на Франција ја смирува ситуацијата и вели дека не е ништо сериозно, туку дека Мбапе добил одмор по тешката сезона, но и ударот што го добил на мечот со Канада.

„Килијан доби удар на последниот натпревар, а пред тренингот имаше модринка на коленото“, објасни Дешан.

Франција е еден од главните фаворити за освојување на Европското првенство, а својот настап го започнува во понеделник, со дуел против Австрија.

- Оглас -

Најнови вести