Потези на велемајстор – Мекдејвид е како дух, го фрли Калгари на колена во бурното канадско дерби (Видео)

Едмонтон ојлерс победи во вториот плејоф меч против Калгари флејмс со 5:3 и израмни на 1:1 во полуфиналното канадско дерби во Западната конференција во НХЛ.

Нафташите двапати губеа во бурен и груб меч, но сепак успеаа да ја прегрмат негативата од 0:2 и 1:3 и да победат за израмнување.

Триото Драјсајтл, Кејт и Мекдејвид беше извонредно и заедно имаа 8 поени, сметајќи ги головите и асистенциите, а посебно воодушеви Мекдејвид со брилијантните потези.

Голот што го постигна на почетокот на вториот период за намалување на 3:2 беше извонреден, а дриблинзите перфектни, па одбраната на Калгари и особено голманот Маркстром беа немоќни.

https://twitter.com/NHL/status/1527864697474752513?s=20&t=eaPKMf7Ux7k7F44gMUzUtg

До крајот на мечот на кој имаше вкупно 42 минути исклучувања хокеарите на Едмонтон постигнаа уште три гола за победа од 5:3 и за брејк на гостински терен.

Во Источната конференција во нов тврд меч Каролина повторно ги победи Њујорк ренџерс, овојпат со 2:0 и води со истиот резултат во полуфиналната серија.

 

- Оглас -

Најнови вести