Потпиша за руски клуб и веднаш го исфрлија од репрезентацијата

Најдобриот кошаркар во шведската историја, Јонас Јеребко се соочи со неочекувани проблеми. Јеребко вчера потпиша договор со ЦСКА Москва, а денеска поради тој потег е исфрлен од репрезентацијата.

Јеребко кој има 35 години, повеќе од една година беше без клуб, па не размислуваше многу кога ја доби понудата да потпиша за ЦСКА. Сепак, фактот дека Русија прави инвазија врз Украина, е причина поради која Јеребко налути голем дел од неговата земја.

„Јеребко ја претставува шведската кошарка кога ќе го облече репрезентативниот дрес и затоа веднаш разговаравме со него по договорот што го потпиша со ЦСКА. Тоа директно се коси со шведскиот став околу руската инвазија и затоа сме приморани да донесеме ваква одлука“, стои во соопштението на шведската кошаркарска федерација.

Освен исфрлувањето од репрезентацијата, Јеребко остана и без два спонзори кои ги раскинаа договорите со него.

Крилниот играч дури 10 години помина во НБА лигата играјќи за екипите на Детроит, Бостон, Јута и Голден Стејт.

- Оглас -

Најнови вести