Потпишан е најголемиот тренерски договор со историјата на НБА-лигата

Тренерот на Мајами хит, Ерик Сполстра, го потпиша најголемиот тренерски договор во историјата на НБА-лигата.

Сполстра и Мајами и се договорија да ја продолжат соработката на уште осум години, тренерот за тој период ќе инкасира 120 милиони долари,  сумата може да се зголеми со дополнителни бонуси.

Ова е најголем тренерски договор и во историјата на спортот во САД, а интересно е што Сполстра нема да ја има најголемата плата меѓу тренерите во НБА. Моментно најголема плата меѓу тренерите во НБА-лигата има Грег Попович, кој секоја година инкасира 19 милиони долари, четири повеќе од тоа што Сполстра ќе го добива со новиот договор.

Ерик Сполстра на клупата на Мајами хит седна во 2008 година кога го наследи легендарниот Пат Рајли и со Жешките освои две шампионски титули (2012 и 2013), и играше четирипати во големото НБА-финале (2011,2014,2020 и 2023).

Во досегашната кариера има учинок од 725 победи и 506 порази, додека во плејофот има 184 победи и 109 порази.

- Оглас -

Најнови вести