Поцеко „забега“, вели дека најдобар кошаркар на светот е Николо Мели!

Селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација, Џанмарко Поцеко, смета дека најдобар играч на светот е Николо Мели.

Поцеко беше најеуфоричен од сите после изненадувачката победа над Србија во осминафиналето на Евробаскетот, и додека беше преполн со емоции, си дозволи да каже дека Мели е подобар од Јокиќ, Дончиќ, Адетокумбо, Леброн, Кари…

Мели е капитен на Армани Милано, а синоќа со 21 поен даде голем придонес во триумфот на Аѕурите, погодуваше шутеви кога Србија почна да се одлепува во втората четвртина и не дозволи ривалот да побегне премногу.

„Мели е најдобар кошаркар на светот. Има неверојатна интелигенција за кошарка, но и за работи надвор од спортот. Во моите 40 години во кошарката, не сум сретнал некој друг како него. Секогаш знае што треба да направи во секоја ситуација“ – рече Поцеко.

- Оглас -

Најнови вести