Поцо ѝ најде мана и на Бундеслигата: Им се повредуваат играчите…

Џампаоло Поцо е еден од најголемите противници за враќање на фудбалската игра на терените во Европа, а сопственикот на Удинезе и мнозински сопственик на акции во Ватфорд сега ја критикува Бундеслигата.

Првиот човек на клубот за којшто игра нашиот репрезентативец Илија Несторовски вели дека прерано почнаа Германците со фудбал, а според него, аргумент се повредите на играчите.

„На првите шест меча имаат осум повредени фудбалери. За мене камбекот на Бундеслигата е утка, но сепак, тие одлучија да играат. Ако оди со вакво темпо поради недоволната подготвеност на играчите, на екипите во Бундеслигата ќе им требаат најмалку по 30 фудбалери за да ја завршат сезоната“, вели Поцо.

Џампаоло прави постојано опструкции преку Удинезе и Ватфорд за рестартирање на сезоните во Серија А во Италија и на англиската Премиерлига, кои најавија камбек за 12, односно за 13 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести