Потврдено е: Астон вила и Ливерпул ќе играат вечерва, но прашање е со кој состав ќе излезат домашните

Мечот меѓу Астон вила и Ливерпул од ФА купот ќе се игра вечерва. Домаќините потврдија дека ќе состават тим за да излезат на терен против англискиот првак, иако тимот од Бирмингам има големи проблеми со многуте заразени фудбалери со корона-вирусот.

Астон вила вчера го затвори тренинг-кампот и најави дека може да нема доволен број играчи за да настапи против Ливерпул, но сега стигна потврда дека дуелот ќе се игра во предвидениот термин.

Овие два тима играа пред три месеци во Бирмингам, на меч кој ќе остане во историјата на Премиер лигата затоа што Астон вила го понижи шампионот победувајќи со 7:2.

 

- Оглас -

Најнови вести