Потврдено: Ќе се промени правилото кое играње со рака е пенал, а кое не!

Случајната игра со рака која доведува до постигнување гол или шанса за погодок веќе нема да се смета за прекршок, објави законодавниот орган на фудбалската игра, организацијата ИФАБ (Интернационален борд на фудбалските асоцијации).

И покрај постоењето на ВАР-системот, имаше различни толкувања за некои спорни ситуации кога топката ги удираше фудбалерите в рака во сопствениот казнен простор, па некогаш судиите свиреа пенал, некогаш не.

Играњето со рака нема секогаш да биде казнето со пенал. Ако се процени дека е ненамерно, тогаш нема да има најстрога казна. Исто така, не секогаш ќе се поништуваат голови ако пред погодокот имало контакт на топката со раката на напаѓачот. Новите правила ќе стапат во сила од 1 јули.

„Случајниот допир на топката со рака, кој доведува до тоа соиграч да даде гол или да има шанса за гол, нема да се смета за прекршок. И во иднина ќе се смета за прекршок ако играч случајно даде гол со рака или ја користи раката пред да реализира”, стои во објаснувањето на правилото.

- Оглас -

Најнови вести