Холандскиот премиер Марк Рут на денешната прес-конференција зборуваше за тоа кои се следните планови на земјата во ситуација кога уште владее Коронавирусот. Меѓу многуте одлуки кои премиерот на Холандија ги наведе, потенцираше дека нема да има фудбал до јуни.
Првенството во Холандија повеќе од две недели е откажано, а сите се во карантин чекајќи ги следните новости. Иако многумина очекуваа мерките да бидат прекинати, сега тие се продолжени до 1 јуни.
„Сите во Холандија се придржуваат на дадените мерки и задоволен сум. Улиците се празни, возовите се празни, канцелариите се празни.Останете во затворена просторја колку што можете повеќе. Да работиме од дома колку што е можно повеќе“, вели премиерот Рут.
Челниците во холандскиот фудбал сега треба официјално да решат дали ќе биде прекинато првенството и дали моменталниот лидер Ајакс ќе биде прогласен за првак или ќе биде поништена цела сезона.