Потврденo: Жоао Феликс „во аут“ две до три недели

Атлетико Мадрид потврди дека Жоао Феликс се здоби со повреда на скочниот зглоб од десната нога од втор степен, па така младиот Португалец ќе мора да паузира од две до три недели. Феликс се повреди на денешното дерби против Валенсија на десетина минути пред крајот, а деталните медицински прегледи не донесоа добри вести.

Според прогнозата на медицинскиот тим, Феликс најверојатно ќе ги пропушти следните четири меча на Јорганџиите, меѓу кои е и дуелот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите во вторник. Симеоне не ќе може да смета на својот најскап играч ниту против Атлетик Билбао, како и Алавес, а во зависност како ќе напредува рехабилитацијата, ќе се види дали Феликс ќе биде подготвен за гостувањето на „Санчес Писхуан“ против Севилја на 2 ноември.

- Оглас -

Најнови вести