Повеќе личи на бодибилдер или рагбист отколку на судија

Судијата Андерсон Даронко, кој синоќа делеше правда на натпреварот Гремио – СЕР Кашијас од финалната фаза на Гаучо првенството во Бразил, го привлече вниманието на странските медиуми со својот изглед и развиените раце. Бразилците добро го знаат, но сега тој стана познат и пошироко.

Андерсон има изненадувачки мускулести раце и повеќе личи на некој бодибилдер или рагбист отколку на фудбалски судија. Веројатно фудбалерите размислуваат по двапати ако сакаат да протестираат кај него или ако имаат намера да го нападнат.

- Оглас -

Најнови вести