Повеќе од 15 години „се колеа“ на теренот, а сега по вторпат треба да станат соиграчи

Лионел Меси и Серхио Рамос многу често беа во центарот на вниманието кога се играа дерби-дуелите меѓу Барселона и Реал Мадрид. Меси и Рамос повеќе од 15 години водеа фудбалска војна на теренот кога се играше Ел Класико, а потоа во 2021 година двајцата решија да си заминат од шпанските гиганти и изненадувачки станаа соиграчи во тимто на Пари Сен Жермен.

Двајцата потпишаа двегодишни договори со ПСЖ, кои завршија ова лето. Меси веднаш си замина и потпиша за Интер Мајами, а иднината на Рамос е неизвесна. Според последните најави, токму Интер Мајами испратил понуда до Рамос да дојде во тимот од САД, со што повторно би бил соиграч со Меси.

Преговорите меѓу Рамос и газдата на Интер Мајами, Дејвид Бекам одат во позитивна насока и нема да биде чудно повторно да ги видиме Меси и некогашниот негов голем ривал од Реал Мадрид да бидат соиграчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести