Повеќе од фудбалер: Навивач го сретна Мане на улица, од радост го прегрна и се расплака (видео)

Садио Мане важи за еден од најскромните фудбалери на денешницата, иако заработува милиони во дресот на Ливерпул. Тој не се фали со луксузни автомобили и облека, туку голем дел од примањата ги донира во својата земја Сенегал, каде што инвестира во болници и училишта за својот народ.

Дека е човек со големо срце, покажа уште еднаш, откако се пресретна со навивач на улица и му го разубави денот. Човекот од радост почна да плаче и го прегрна, а Мане имаше време да го сослуша и да поразговара со среќниот фан.

Мане потоа тргна да се подготвува за вечерашниот дуел на Сенегал против Руанда во рамките од квалификациите за Африканскиот куп на нациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести