Повредата е сериозна: Адеми нема да игра против Ерменија и Исланд!

Аријан Адеми се повреди на дуелот против Германија и мораше по неполни 30 минути да биде заменет. По еден дуел со Кај Хаверц, Адеми се пожали на болка во зглобот. Еден од нашите најдобри играчи се обиде да се врати во игра, но само по две-три минути поминати на теренот, мораше да биде заменет.

По репрезентативните обврски, Адеми се врати во Загреб, но оттаму стигнаа лоши вести. По направените детални прегледи, утврдено е дека повредата на зглобот на ногата е сериозна и дека сега ќе му престои сложен период на рехабилитација.

Тоа значи дека Адеми нема да му биде на располагање на македонскиот селектор Благоја Милевски за последните два меча од квалификациите за СП 2022 година, во кои Македонија прво ќе гостува кај Ерменија, а на крајот дома го пречекува Исланд. Освен за репрезентацијата, Адеми ќе го нема и за дуелите на Динамо во преостанатите мечеви од групната фаза во Лигата на Европа, како и за домашните натпреварувања.

Се очекува Адеми да биде подготвен на теренот да се врати целосно здрав на почетокот на пролетниот дел од сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести