Повредата е сериозна: Јагуриновски нема да игра против Холандија

Македонската ракометна репрезентација се соочува со првите проблеми околу составот, откако Томислав Јагуриновски се повреди синоќа на дуелот против Норвешка. По направените прегледи, било утврдено дека Јагуриновски нема да може да настапи на утрешниот дуел против Холандија, па затоа селекторот Кирил Лазаров веднаш реагираше.

На местото на Јагуриновски, повикан е Давид Савревски. Тој е еден од тројцата ракометари кои испаднаа на последното кратење на составот, пред заминувањето во Краков. Се очекува Савревски од Скопје да пристигне во Краков навреме за дуелот против Холандија.

- Оглас -

Најнови вести