Повредениот Кузмиќ утре ќе биде опериран, за да може подобро да дише

Состојбата на српскиот кошаркар Огњен Кузмиќ кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Бања Лука, денеска е малку подобра во однос на вчера, а новина е дека утре тој ќе биде опериран на одделението за максиофацијална хирургија.

„Кузмиќ го чека многу комплицирана операција бидејќи горната вилица му е смачкана“, рекол лекар кој е запознат со ситуацијата, а сакал да остане анонимен.

Центарот на Црвена ѕвезда и српски репрезентативец, и понатаму намерно го држат во вештачка кома, бидејќи доколку биде свесен, би имал неиздржливи болки од повредите на лицето. Во посета на Кузмиќ во болница смееле да одат неговите родители.

Тој уште не е во состојба целосно самостојно да дише, но белите дробови работат сè подобро, а со операцијата на горната вилица, ќе се овозможи тој да може подобро да дише. И утре Кузмиќ ќе биде во индуцирана кома, а после операцијата, ќе се следи неговата состојба и ќе се реши што понатаму.

- Оглас -

Најнови вести