Повредите на Педри и Араухо може да донесат над милион евра во касата на Барселона

Барселона во целата претходна сезона имаше многу проблеми со повредени играчи, а тој малер продолжи да ги следи и во летниот период. Иако каталонскиот гигант не е активен на теренот, играчите кои го носат овој дрес немаат многу среќа кога се работи за повреди.

Играчот за врска на шпанската репрезентација Педри заработи повреда на дуелот против Германија и за него Европското првенство е завршено. Во слична ситуација е и дефанзивецот на Уругвај, Серхио Агуеро, кој заработи повреда на мускулот на дуелот против Бразил.

Правилата на ФИФА во оваа ситуација се јасни, а тоа е дека секој клуб може да добие по малку повеќе од 20.000 евра за секој пропуштен ден. За двајцата фудбалери се проценува дека се очекува да бидат надвор од фудбалскиот терен барем два месеца.

Во една таква ситуација, шпанските медиуми вкалкулирале дека Барселона како отштета поради повреда на нивни фудбалери може да добие и над еден милион евра.

- Оглас -

Најнови вести