Повторно корона-бум во Серија А: Торино одложува два натпревари

Во редовите на Торино има осуммина заразени членови, додека се чекаат резултати уште од еден тест. Поради тоа, екипата ќе биде во карантин најмалку седум дена и не е во можност да ги извршува клупските обврски.

Денешниот тренинг беше откажан со цел да се прават нови тестирања, а италијанските медиуми тврдат дека наскоро ќе се донесе одлука околу одложување на два натпревари на Биковите.

Речиси сигурно нема да се одигра дуелот меѓу Торино и Сасуоло закажан за петок навечер, а во неизвеност е и гостувањето на Биковите кај Рома идниот вторник.

- Оглас -

Најнови вести