Повторно луди навивачки испади во Франција (Видео)

Дуелот меѓу Ленс и Лил беше најинтересен на полувреме. Тоа беше периодот кога се случи големи навивачки нереди, а полицијата едвај успеа да ја стави ситуацијата под контрола.

На полувремето од средбата, стотици навивачи на Ленс втрчаа на теренот и тргнаа кон оградената трибина на која беа гостинските фанови. Полицијата веднаш реагираше и едвај успеа да ги смири здивените навивачи.

Ова е втор голем навивачки инцидент во Франција, откако пред неколку неделни, дербито меѓу Ница и Олимпик Марсеј не се доигра. Тогаш, домашните навивачи втрчаа на терен и ги нападнаа гостинските фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести