Повторно неизвесна завршница во Белгија, Бриж е нов шампион

Фудбалерите на Бриж по 19-ти пат во клупската историја се шампиони на Белгија. За тоа им беше потребно реми во последното коло во Жупилер лигата и тоа во дуелот со градскиот ривал Серкл Бриж.

На крајот мечот заврши без голови, доволно за Бриж да ја освои титулата со 50 освоени бодови, еден повеќе од Унион Сен Жил. Бриж во последното коло влезе со три бода предност (49) во однос на Унион Сен Жил (46) и со ремито го освои бодот кој му ја донесе титулата.

Унион Сен Жил во последното коло со 2:0 го совлада Генк, додека Андерлехт загуби од Антверпен.

Ова е втора година по ред да има неизвесна завршница, минатата сезона Антверпен со гол постигнат во 90+5 минута ја освои титулата.

- Оглас -

Најнови вести