Повторно тешка повреда на меч со Финска, Марио Фернандес изнесен на носила

Натпреварите на Финска на ова Европско првенство некако се покажуваат како малерозни, вторпат по ред се случи противнички играч на Финците да мора да го напушти теренот на носила. После случајот со Кристијан Ериксен, кој имаше срцев проблем, денеска Бразилецот со руски пасош, Марио Фернандес, се здоби со тешка повреда на пршлен во горниот дел на грбот.

Марио при еден воздушен дуел, од голема висина незгодно „слета“ на грб на тревата на теренот во Санкт Петербург и не можеше да стане.

Еден доктор за руските медиуми изјави дека ако станува збор само за набиен пршлен, на Марио би му претстоел одмор од една недела, а доколку не дај боже имало скршеница, што не е случај со фудбалерот, тогаш може да се случи и губење на чувството во долните екстремитети и тоа може да доведе со инвалидитет и крај на кариерата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести