Позитивни вести за Ливерпул, Ван Дајк почна со лесни вежби

Вирџил ван Дајк, холандскиот столб на одбраната на Ливерпул, почнал со лесни тренинзи и тоа е охрабрувачка вест за менаџерот Јирген Клоп. Ван Дајк на 17 октомври на дербито со Евертон ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото, беше опериран и има изготвен план за рехабилитација.

Ван Дајк со лесните вежби се подтотвува за следната фаза во која ќе има поголеми напори. Уште не е јасно дали Ван Дајк ќе успее да се врати на фудбалскиот терен до крајот на сезонава. Откако потпиша за Ливерпул во јануари 2018 година, Ван Дајк до повредата пропушти само еден натпревар во Премиер лигата.

Ливерпул има голем проблем со дефанзивците, повреден е и Џо Гомес, но Гомес сигурно би требало да се врати пред завршувањето на сезонава. Во моментов, на Црвените единствен здрав централен дефанзивец им е Џоел Матип.

- Оглас -

Најнови вести