Познат датумот на борбата на Мекрегор со Поарие

Ирецот Конор Мекрегор и официјално се враќа во октагонот, од УФЦ објавија дека неговата прва борба по враќањето ќе се одржи на 23-ти јануари, на УФЦ 257 и противник ќе му биде одличниот Дастин Поарие. Ова всушност ќе биде реванш, а во првиот нивен дуел во 2014 година, Конор славеше со технички нокаут во првата рунда.

Мекрегор не се борел од јануари, последна борба му беше онаа победа над Доналд Сероне, но најави големи планови за 2020 година, кои му пропаднаа поради пандемијата. Неодамна Конор објави пензионирање, но како и многу други борци, брзо се премисли.

Поарие лани во септември се бореше за титулата првак во лесна категорија, но загуби од Хабиб Нурмагомедов. Последна борба му беше во јуни, победа над Ден Хукер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести