Познат е првиот клуб кој избори место за влез во Серија А за следната сезона

Фудбалерите на Фросиноне по трет пат во клупската историја изборија пласман во првата италијанска лига, Серија А. Во рамките од 35 коло, Фросиноне на свој терен со 3:1 ја победи Реџина и на тој начин стигна до 71 бодови, што е 10 повеќе од третопласираниот Бари, на три кола до крајот.

Директен пласман во Серија А обезбедуваат првопласираните две екипи од Серија Б. На второто место сега е Џенова со 67 бодови. Клубовите кои ќе бидат од третото до осмото место ќе играат плејоф за третото место кое води во елитното италијанско фудбалско друштво.

Фросиноне досега само две сезони има играно во Серија А. Првиот пат тоа беше во сезоната 2015/16, кога експресно се врати во Серија Б, а вториот пат меѓу најдобрите играше во сезоната 2018/19, но повторно не успеа да се избори за опстанок, па по само една сезона повторно се врати во втора лига.

- Оглас -

Најнови вести