Познат е тимот поради кој Белингам ги одбива сите понуди, па дури и тие од Реал Мадрид и ПСЖ

Англискиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд ги одбил богатите понуди од Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ бидејќи сака да ја продолжи кариерата во Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми.

„Атлетик“ пишува дека желбата на Белингам да игра на „Енфилд“ е посилна од парите што може да ги добие од екипи како Реал и ПСЖ, но трансферот во Ливерпул зависи од тоа дали Црвените ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Белингам (19) има договор со Борусија до 30 јуни 2025 година, а „Трансфермаркт“ проценува дека вредноста на англискиот репрезентативец изнесува околу 110 милиони евра.

„Атлетик“ исто така пишува дека Борусија сака да го продолжи договорот со Белингам и му нуди годишна плата од 15 милиони евра, со што би го направила најдоброплатен играч во тимот.

Белингам во 2020 година пристигна во Борусија од Бирмингам и досега одигра 115 натпревари, на кои постигна 20 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести