Познат кикбоксер се бори за живот, сестра му погина во тешка сообраќајна несреќа

Робин ван Росмален, поранешниот светски првак во лесна категорија во кикбокс, се наоѓа во критична состојба по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби неговата сестра Мелиса.

Според информациите на холандските медиуми, Росмален и неговата сестра биле застанати покрај патот да одморат, а во тој момент залетан камион се удрил во нивното возило, по што Мелиса на лице место подлегнала на повредите.

Во меѓувреме, лекарите се борат за животот на 31-годишниот кикбоксер кој има учинок од 51-18 во својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести