Познат ли е новиот Светски шампион? Традицијата вели дека се знае кој ќе го подигне трофејот во Катар

Утре е ждребот за Светското првенство во Катар, во коешто Македонија за една победа не успеа да се пласира. Но, нема да тагуваме, напротив можеме да им бидеме благодарни на Боби Милевски и момците коишто изминатиов период нè направија навистина горди Македонци.

Поразот од Португалија иако е горчлив и нè боли, но она што е навистина интересно, ако се верува на статистиката, токму селекцијата на Кристијано Роналдо ќе биде новиот Светски првак.

Португалецот беше најефикасен фудбалер на претходното Европско првенство со пет гола, а зошто го велиме тоа и која е поврзаноста?

Во 2008 година, Давид Вилја беше најдобар стрелец на ЕП (4 гола), а две години подоцна, Шпанија го освои Светското првенство.

Марио Гомез со три гола беше најефикасен играч на ЕП 2012, а 24 месеци подоцна Германија ја победи Аргентина во финалето на СП кое се одржа во Бразил. 

Шест погодоци, Антоан Гриезман беше најефикасен на ЕВРО 2016, додека Франција во 2018 се искачи на светскиот фудбалски трон.

Кристијано Роналдо е најдобриот стрелец на СП, а ако се верува на оваа традиција, тогаш тој ќе го подигне трофејот и во Катар, што секако би било круна на неговата кариера.

- Оглас -

Најнови вести