Позната е причината зошто Ибрахимовиќ не се појавил на првиот работен ден во Миланело

Славниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, вчера требало да се појави во тренинг центарот на Милан, Миланело, на својот прв работен ден. Тој пред само неколку дена беше назначен за советник на сопственикот на клубот и координатор помеѓу раководството и луѓето задолжени за спортскиот дел.

Сепак, Ибрахимовиќ не се појавил во Миланело, а причината е покачената телесна температура. Од истата причина поранешниот шведски репрезентативец и не отпатува на гостувањето кај Њукасл во Лигата на шампионите.

Непојавувањето на Златан Ибрахимовиќ предизвика голем број на шеги на социјалните мрежи, иако се работи за здравјето на поранешниот фудбалер. Се очекува Ибрахимовиќ на своето ново работно место да се појави во понеделник.

- Оглас -

Најнови вести