Познати четвртфиналните парови на СП во ватерполо, дербито е Србија – Хрватска!

Италија ги победи Американците со 13-12 во последниот осминафинален меч на Светското првенство во ватерполо за мажи, па сега се познати сите четири четвртфинални двојки.

Најголемо внимание ќе предизвика соседската пресметка на Србија и Хрватска. Хрватите денеска ја разбија Кина со 22-4 и се пласираа на Олимписките игри во Париз. Учество на олимпискиот турнир денеска обезбеди и Црна Гора, која во четвртфиналето на СП ќе се сретне со Шпанија.

Унгарија ќе биде фаворит во дуелот со Франција, а и последниот четвртфинален пар е интересен, Италија ќе игра против Грција.

- Оглас -

Најнови вести