Познати групите за завршниот Мастерс: Ѓоковиќ доби противници од коишто загубил само четирипати во кариерата (Фото)

Завршниот АТП мастерс турнир оваа година ќе се одржи во италијанскиот град Торино од 12 до 19 месецов. Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, повторно е фаворит за трофејот, а само една победа му е потребна за да ја задржи првата позиција на АТП ранг-листата на крајот од годината.

Денес беше извршена и ждрепката, по која се познати групите. Во црвената група ќе играат Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, Стефанос Циципас и Холгер Руне, додека во зелената група се Карлос Алкарас, Данил Медведев, Андреј Рубљев и Александер Зверев.

Се чини дека Србинот доби посакувана ждрепка бидејќи во кариерата од овие тројца тенисери има само четири порази вкупно. Против Синер има три победи на исто толку натпревари, со Циципас има биланс од 11 победи и само два пораза, додека против Руне двапати победи, но и доживеал исто толку порази.

- Оглас -

Најнови вести