Познати коефициентите за финалето во Мелбурн, одамна немало олку голема квота за победа на Ноле
Добрата форма на Медведев ги примора букмејкерите да реагираат вака, но сепак минимална предност му се дава на Србинот.

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев ќе се „убијат“ меѓусебе, но сепак мала предност му давам на Ѓоковиќ. Ова е изјавата на некогашниот шпански тенисер, и сегашен аналитичар на „Еуроспорт“, Алекс Кореча, а некако и во обложувалниците квотите се во согласност со таа негова изјава. Минимална е разликата во квотите за победа на Србинот или Русинот.
Во Sport Life, квотата за победа на Ѓоковиќ, кој во деветто финале на Австралијан опен оди по деветта титула, во моментов е 1.90, додека за триумф Медведев кој одамна не загубил меч, се искачува на третото место на АТП и оди по прв грен-слем трофеј во кариерата, квотата е 1.95.
„Мислам дека тие ќе се ‘убијат‘ еден со друг. Очекувам долг меч, нема да се изненадам ако играат четири часа, бидејќи двајцата имаат сличен стил на игра. На двајцата ќе им треба добар сервис, натпреварувачки се настроени и двајцата. Медведев е во подобра форма и тешко е да го победите. Новак мора да биде на својот максимум и да има јасен план на игра. Можеби сум малку повеќе на страната на Ѓоковиќ, но само малку, би рекол 55-45 проценти во негова полза ги оценувам шансите“ – рече Кореча.