Познати полуфиналните парови за Купот, второлигаш има добра шанса да игра финале

Пелистер – Силекс и Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров се двете полуфинални двојки за фудбалскиот Куп на Македонија. Ова беше одлучено на денешната ждрепка во ФФМ.

Натпреварите ќе се одиграат на 20 април во 16 часот. Се игра еден натпревар, нема реванши.

Силекс е бранител на трофејот, но и единствен второлигаш од четирите тимови кои останаа во конкуренција за освојување на Купот.

Финалето е закажано на 20 мај, на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести