Познати се датумот и противникот во кам-бекот на Мекгрегор

Конор Мегрегор од претходно го потврди своето враќање во октагонот и УФЦ борбите, а сега се познати и датумот, како и противникот против кого ирскиот борец ќе го оствари кам-бекот. Мекгрегор на 18 јануари идната година во Лас Вегас ќе се бори против искусниот Доналд Серони, кој го носи прекарот „каубоец“.

Спектаклот ќе се одржи во рамки од УФЦ 246 во велтер категоријата (77 килограми), a oзлогласениот по повеќе од една година ќе влезе во октагонот да ги покаже своите вештини. Борбата ќе биде прва меѓусебна на Мекгрегор и пет години постариот Серони.

Ветеранот има многу поголемо искуство од Ирецот, неговиот скор е 36-13 наспроти 21-4 учинокот на Мекгрегор.

- Оглас -

Најнови вести