Познати се квотите за ЕП 2024, Англија е главен фаворит за титулата, шампионот Италија е дури шести фаворит

На помалку од три месеци од стартот на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Германија, светските букмејкери веќе ги објавија квотите и прв фаворит за титулата е Англија.

Со победите на Украина, Грузија и Полска во финалињата на баражите е комплетиран списокот на учесници на ЕП, веќе се одредени групите и според букмејкерите, главен фаворит е Англија, за која ако се обложите на едно евро дека ќе го крене шампионскиот пехар, ќе добиете четири евра.

Втор фаворит е Франција со квота 4.5, додека трет е домаќинот Германија со 7.00. Актуелниот европски шампион Италија е шести фаворит според букмејкерите со коефициент 15.

Најмали шанси за триумф на ЕП има селекцијата на Албанија, за која квотата изнесува 201.

Квоти за шампиони на ЕП 2024:
Англија 4, Франција 4.5, Германија 7, Шпанија 8, Португалија 9, Италија 15, Белгија 15, Холандија 17, Данска 26, Хрватска 41, Швајцарија 41, Турција 51, Австрија 67, Србија 67, Шкотска 81, Унгарија 81, Украина 81, Полска 81, Чешка 101, Романија 151, Словачка 151, Словенија 151, Грузија 151, Албанија 201.

- Оглас -

Најнови вести