Познати се првите полуфиналисти на НБА-купот (Видео)

Индијана пејсерс и Њу Орлеанс пеликанс се првите две екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето на НБА-купот.

Индијана во четвртфиналето беше подобра од фаворитот Милвоки бакс со 122:112, додека Њу Орлеанс го совлада Сакраменто кингс со 127:117.

 

Тајрис Халибуртон својот прв трипл-дабл го оствари кога беше најпотребно, со 26 поени, 10 скока и 13 асистенции ја предводеше Индијана во победата над Бостон. Покрај Халибуртон, уште петмина кошаркари на Индијана постигнаа двоцифрен број поени, Бади Хилд даде 21 поен, а Мајлс Тарнер 17 поени и 10 скока. Кај Бостон, најрасположени за игра беа Џејсон Тејтум со 32 поена и 12 скока и Џејлен Браун со 30 поени.

Њу Орлеанс иако имаше негатива од 15 поени во првата четвртина (17:32), успеа да слави и да обезбеди пласман на завршниот турнир кој ќе се игра во Лас Вегас.
Пеликанс во игра се вратија со серијата 28:5 во втората четвртина, а во третиот дел имаа и 15 поени предност, кои не ги испуштија.

Брендон Инграм беше прво име кај Њу Орлеанс со 30 поени, додека кај Сакраменто најдобар беше Домантас Сабонис, кој оствари трипл-дабл од 26 поена, 12 скока и 10 асистенции.

Вечерва ќе се играаст преостанатите два четвртфинални меча од премиерното издание на НБА-купот, ЛА лејкерс – Феникс санс во Западната конференција и Њујорк никс – Милвоки бакс на Истокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести