Познати се сите двојки за второто квалификациско коло за ЛШ

Откако вечерва се одиграа и последните реванш натпревари од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, познати се и сите двојки за второто коло.

Во оваа фаза се вклучуваат неколку големи имиња на европскиот фудбал од типот на Динамо Загреб, Галатасарај, Панатинаикос …

Двојките се следниве:
Динамо Загреб (Хрватска) – Астана (Казахстан)
Жалгирис (Литванија) – Галатасарај (Турција)
Днипро (Украина) – Панатинаикос (Грција)
Сервет (Швајцарија) – Генк (Белгија)
Лудогорец (Бугарија) – Олимпија Љубљана (Словенија)
Раков (Полска) – Карабаг (Азербејџан)
КИ Клаксвик (Фарски острови) – Хакен (Шведска)
ХЈК Хелсинки (Финска) – Молде (Норвешка)
Бреидаблик (Исланд) – Копенхаген (Данска)
Арис (Грција) – БАТЕ Борисов (Белорусија)
Зрињски Мостар (БиХ) – Слован Братислава (Словачка)
Шериф Тираспол (Молдавија) – Макаби Хаифа (Израел)

Првите натпревари се играат на 25-ти и 26-ти јули, додека реваншите се на 1-ви и 2-ри август.

 

- Оглас -

Најнови вести